Гостивар. Крушево. Валандово. Булачани. Пласница. Лешок. Преглово. Маврово…. По седум градови со отровна вода, по Лепенец и Вардар, по Башино Село, сега и водата од изворите во Елшани и Велестово во Охрид не е за пиење, се наведува во соопштението од СДСМ.

Стихуваното соопштение од СДСМ подолу го пренесуваме во целост, со напомена дека само до пред две години додека СДСМ беше на власт, устата и соопштенијата им беа полни со придавката Северна, сега ја баталија и усно и писмено. До пред две години со СДСМ течеше мед и млеко, и низ Вардар и низ Лепенец, а сега од Бихаќска откриваат загадени реки, извори и… Црно и било пишано на Македонија… без СДСМ и ДУИ на власт.

Натаму интегрално соопштението:

Изгледа дека во Македонија веќе нема чисто место.

Мицкоски зборува за „нови бактерии“ во Гостивар.

Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе може да се пие водата.

Секој си ја тера својата приказна.

Собирање политички поени наместо заштита на здравјето на луѓето.

Срам.

На ВМРО и на Мицкоски повеќе им е важен рејтингот отколку здравјето на граѓаните.

Ќе ја отрујат цела Македонија.

Кој знае колку уште општини и градови се загадени, а ние сè уште не знаеме?

Министерот за полиција Тошковски се занимава со хиперхлорирање како да работи во водовод.

Мицкоски ветува едно.

Клековски не презема одговорност.

Епидемија на жолтица е во тек. Сè уште нема одговорни.

Никој не ставил потпис.

Никој не ставил печат.

Никој не гарантира со своето име и презиме.

Не сакаат да кажат која институција и кое лице дало дозвола за користење на техничката вода во Гостивар.

Нема анализи.

Нема одговорно лице.

Нема име и презиме.

Само лаги, измами и префрлање одговорност.

Ова повеќе не е криза со вода. Ова е системско труење на државата.

СДСМ