Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска попладнево преку Фејсбук информираше дека денеска имала средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД, на која разговарале за економските приоритети, реформите и можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.
– Ја истакнав нашата посветеност на стабилни и одржливи јавни финансии, одговорно управување со средствата на граѓаните, како и на политики кои создаваат услови за економски раст, инвестиции и подобра деловна клима. Благодарност за континуираната поддршка од САД, особено преку соработката со Трезорот на САД, која е важна за јакнење на капацитетите на институциите и унапредување на процесите во Министерството за финансии. Продолжуваме со посветена работа на реформи, силни институции и економски политики што носат резултати за граѓаните – пишува во објавата на Фејсбук.




