Актерот Бен Афлек и шампионот на квиз-шоуто „Jeopardy!“, Џејми Динг, ја освои главната награда во американската верзија на шоуто „Кој сака да биде милионер?“, а парите ќе одат во хуманитарни цели, поточно во фондацијата на иницијатива на актерот за Источен Конго.
Дуото стигна до самиот врв со правилно одговарање на 15-тото и последно прашање во епизодата што се емитуваше во среда на ABC. Сите освоени пари се наменети за фондацијата за Иницијатива за Источен Конго, која ја основа познатиот добитник на Оскар.
На самиот почеток на епизодата, Афлек (57) објасни дека неговата организација им обезбедува поддршка на локалните заедници во регион кој претрпел тешки последици од години воено уништување.
Прашањето од 500.000 долари гласеше: „Кој потфат се случи само два месеци откако Њујорк Тајмс објави дека нема да се случи во следните милион до 10 милиони години“?“. Понудените одговори беа: уништување на атомот, клонирање цицачи, првиот лет со авион или вакцината против детска парализа.
Динг веднаш се посомневал во врска со првиот лет со авион, со што Афлек се согласил, потсетувајќи се дека претходно ги проучувал минатите медиумски грешки и историјата на браќата Рајт од 1903 година. За да бидат сигурни, тие ја користеле помошта на „половина-половина“, по што разбивањето на атомот и првиот лет со авион останале во игра. Преземајќи ризик, тие решиле нивниот конечен одговор да биде првиот лет со авион, што се покажало како точен одговор.
Прашањето од милион долари донесе необична дилема од американската традиција: „Како дел од годишната традиција за Денот на благодарноста, кое од следниве не било името на мисирката помилувана од претседателот на Соединетите Американски Држави?“. Понудените комбинации на имиња биле: Peanut Butter & Jelly, Tater & Tot, Mac & Cheese и Spaghetti & Meatball.
Несигурни за точниот одговор, натпреварувачите ја користеле помошта на „Повикај пријател“. Но, откако пријателот не го знаел одговорот на прашањењ, Бен и Динг се одлучија да се водат по коментарот на водителот. Имено, Џими Кимел, познат комичар доцна во ноќта, потврдил дека секоја година прави скечеви за оваа традиција во својата емисија и дека името Spaghetti & Meatbal му звучи непознато. Афлек и Динг му веруваа на Кимел и конечно го заклучија тој одговор.
Одлуката се покажа како точна – со конфети во студиото, Афлек и Динг прославија освојување милиони долари за хуманитарни цели.




