Четиригодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Гостивар.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во 16 часот на улицата „Железничка“, каде патничко возило „Форд Куга“ со швајцарски регистарски ознаки, управувано од Г.Џ. (35) од селото Чегране, удрило во четиригодишното дете.

По укажаната лекарска помош, детето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на ОВР Гостивар.