Од увозната царина во висина од три евра за секој производ купен онлајн од трети земји што ја воведе Европската Унија на 1 јули годинава, според портпаролот на кипарската царинската управа Јоргос Константину во јули биле остварени приходи од речиси два милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Константину за кипарската новинска агенција ЦНА, објаснил дека овие приходи се од околу 650.000 артикли, кои биле дел од 160.000 пратки и посочил дека во споредба со претходните месеци е забележано намалување на увозот на мали пратки.

Според него, ова може да се должи на повеќе фактори и како можни причини ги навел зголемениот број нарачки пред воведувањето на царината, со цел да се избегне нејзиното плаќање, како и фактот што јули е месец на годишни одмори, кога вообичаено има помалку нарачки и нагласил дека во следните месеци ќе стане појасно дали царината влијаела врз однесувањето на потрошувачите.

МИА