Венко Филипче пет пари не дава за Гостивар, прати дилери на дрога и насилници да прават инциденти во Ново Село. „Децата“ на Филипче, кои ги претставува како деца на Македонија во Ново Село, се лица кои се правосилно осудени на условни казни затвор за насилство и за кривично дело поседување дрога и наркотични средства, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешнешните прес-конференција на СДСМ и СДММ, што МИА ја пренесува интегрално.
Христијан Ефтимов, внук на Вице Заев и менаџер на неговата фирма „Тотал Инженеринг“, осуден на една и пол година условна казна затвор бидејќи заедно со Илија Стојанов крвнички тепале луѓе на плоштадот во Струмица.
Илија Стојанов, е условно осуден за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” затоа што при полициски претрес кај него била пронајдена опојна дрога.
СДС има историја и генеза на соработка со луѓе со сомнително однесување, личности кои консумираат наркотични средства и криминалци. Токму затоа СДС денес е без доверба и без кредибилитет токму поради таквите политиките.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: архива




