Најмалку девет луѓе загинаа и над 300 се исчезнати откако вчера пукна рударска брана во југоисточниот дел на Бразил, поплавувајќи подрачјето во близина на населбата Вила Фертеко, што предизвика страв од ширење отровен отпад и можно загадување на животната средина.

Бразилската рударска компанија „Вале СА“   наведе дека рударскиот отпад стигнал до населбата Вила Фертеко и до административните канцеларии на државата Минас Жераис.

Градот што е со население од околу 40 илјади луѓе е под кал и вода, има урнати куќи. Во време на инцидентот во реонот имало повеќе од 300 работници

Претседателот Жаир Болсонаро ќе ја посети денеска таа област.