Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро ги демантира пласираните дезинформации во јавноста дека водата од скопскиот водоснабдителен сиистем е небезнедена за пиење поради наводно присуство на бактерија Escherichia coli.
-Како одговорна институција ја информираме јавноста дека АХВ до овој момент нема добиено известување од скопското јавно комунално претпријатије за незадоволителен резултат од лабораториско тестирање на водата за пиење, што е нивна законска обврска, врз основа на кое би била донесена и забрана за нејзина употреба, информираат од АХВ.
Граѓаните не треба да стравуваат. Водата од градскиот водовод во Скопје е безбедна за пиење и употреба.




