СДС денес одржа цела прес-конференција за да докаже нешто што можеше да го докаже за 30 секунди. Вчера ги повикавме да ја објават снимката на која министерот Муцунски вели дека се водат разговори „под радарот“. Денес излегоа пред камерите. Покажаа медиумски наслови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Кажаа многу зборови. Само едно нешто повторно не покажаа: снимката. Затоа уште еднаш, сосема едноставно: СДС, најдете ја и објавете ја изјавата на Муцунски во која тој ги изговара зборовите „разговори под радарот“. Не наслов. Не интерпретација. Изјавата. Додека ја бараат, можеби ќе сфатат зошто сериозна политичка партија прво ги проверува фактите, па потоа свикува прес-конференции, посочуваат од владејачката партија.




