Генералштабот на Армијата ги информира граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19:00 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата.

Претходно, истиот ден, во 18:00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.