Кирил ЛАЗОВ

Денес, од страна на министерот за здравство се организираше состанок со сите вклучени страни во превенцијата и заштитата на населението од вирусот на Западнонилска треска, меѓу кои беше присутен и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, при што беа изнесени податоци за состојбата.
Од извршените вонредни инспекциски надзори, Државниот санитарен и здравствен инспекторат констатира дека во сите единици на локална самоуправа е отпочнато со вршењето на задолжителната дезинсекција и дератизација и во голем дел се почитуваат роковите од планот на активности дадени со елаборатотите од Центрите за јавно здравје за секоја општина и населено место.