Женската македонска одбојкарска репрезентација со пораз го почна настапот на Медитеранските игри во италијанскиот град Таранто. Поуспешни беа одбојкарките на Турција, кои се едни и од фаворитките за освојување медал.
Турција победи со 3:0 во сетови (25:4; 25:16 и 25:15).
Македонскиот тим до крајот на групните натпревари ќе одигра уште три дуели на 24.август против Косово, потоа на 26.август против Грција и 27.август против Алжир.
Утре на програмата на Медитеранските игри е свеченото отворање. (МИА)




