Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи работна сесија на Советот на амбасадори.
Сесијата, како што е најавено, ќе ја отвори претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Работната сесија на Советот на амбасадори треба да почне во 10 часот.
Собирот на Советот на амбасадори почна вчера, а се одржува првпат по 2019 година.
Како што најави шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, целта на состанокот на македоските дипломати е да се прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа.
– Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава. се трите стратешки национални интереси, за кои се дебатира на Советот на амбасадори, информира Муцунски.
Целта е амбасадорите и генералните конзули изворно да слушнат кои се приоритетите за следната година и да добијат насоки за постапување по однос на нашите клучни стратешки национални интереси.




