Утре (21.8.2026 година), во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе биде во работна посета на општина Прилеп.
Премиерот ќе изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“, како и во изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“ во Општина Прилеп.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.




