Најмалку пет лица загинаа, а 20 се повредени, при бомбашки напад за време на натпревар во одбојка во северниот дел на Авганистан.
Бомбата била поставена на теренот за одбојка во селото Барфак.
Селото Барфак е под контрола на талибанците. Се уште никој ја нема преземено одговорноста за нападот.