На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското одделение Теарце, 80-годишна жена од тетовско село пријавила дека околу 12:00 часот во нејзиниот двор, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот роднина Н.Х. од истото село.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.