Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се ранети во напад со руски дрон врз трговски центар во Украина, во источно-централниот град Кривиј Рог, покажуваат најновите бројки од локалните власти.
Меѓу повредените има 32 деца, изјави началникот на регионалната воена администрација на Дњепропетровск, Олександр Ханжа.
Кривиј Рог, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, редовно е цел на руските сили.
Трговскиот центар беше погоден од дрон и се запалил пред да биде погоден од втор дрон, јави Би-Би-Си.
Вкупно 21 лице загинаа денеска во руските напади во Украина.
Во напад во соседниот Николаев регион на југ загинаа четири лица, меѓу кои и три деца, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Иван Вигивски. (МИА)




