На 21.08.2026 во 20:00 часот на крстосница од бул. „Киро Глигоров“ со бул. „15 Корпус“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Ј.(41) од Скопје.
-Претходно, управувајќи патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, тој учествувал во сообраќајна незгода, по што го напуштил местото на настанот. Исто така, по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека поминал на црвено светло, бил под дејство на алкохол и агресивно се однесувал кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија, информира МВР.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.




