Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека изминатиот викенд на клиниката било гласно и радосно, се родиле 32 новороденчиња.

-На среќните родители им честитаме, а на нашите нови сограѓани им посакуваме среќно детство и убави животни приказни. Најголемата радост кај нас доаѓа од најмалите, велат од ГАК.