Ален Рустемовски ја загуби полуфиналната борба и нема да може да се бори за златниот медал на Медитеранските игри.
Македонскиот боксер беше поразен во полуфиналето од Марин Хернандез од Шпанија, во меч кој предизвика големо незадоволство во нашиот табор.
Судиите му ја доделија победата на шпанскиот претставник, одлука која беше пречекана со разочарување од македонската делегација.
Хернандез е боксер со кубанско потекло, кој во изминатите години настапува за Шпанија, а токму тој ќе се бори за најсјајното одличје, додека Рустемовски ќе мора да се задоволи со бронзениот медал.




