Мозес Рајт ја комплетираше процедурата за добивање на македонски пасош, по што се стави на располагање на зелекторот Берокал за претстојниот меч со Австрија што ќе се одигра на 30 август во Виена.
Рајт веќе одржа неколку тренинзи со новите репрезентативни колеги и делува задоволно што адаптацијата минува без апсолутно никакви проблеми.
„Работиме заеднички за средбата која ни следи. Ми се допаѓа тимот и начинот на кој сум прифатен во репрезентацијата, веќе тренирам како да сум Македонец подолго време. Чувството е одлично да се биде дел од овој тим. Од екипата што ја имаме на располагање го познавам Ненад Димитријевиќ од настапите во Евролигата, но добро тренираме со другите. Имаме уште неколку тренинзи да се запознаеме и воиграме на начинот на кој посакуваме“, вели Рајт.
Центарот кој оваа лето ги промени клупските бои и од Жалгирис се пресели во Олимпија Милано, со нетрпение го очекува дуелот со Австрија.
„Нам ни следи дуел со Австрија, имаат некои измени во ростерот, но постојат млади играчи кои се доста квалитетни. Не би сакал премногу да откривам за нив и планот што ни го презентира нашиот тренер за нивната игра. Потребно е ние да се придржуваме кон советите кои ни ги даде нашиот селектор, со цел да имаме успех“, додава големото засилување за македонскиот национален тим.




