Бројот на исчезнати лица во Непал по обилната поплава во хималајскиот регион се искачи на 826, соопштија локалните власти, со што вкупниот број исчезнати во Непал и Кина надмина 1.300.
Непалската полиција го проценува бројот на загинати на 162, со повеќе од 40 повредени лица, кои се лекуваат во болници. Кина пријави три жртви и 558 исчезнати лица.
Поплавата создаде огромни количини кал и предизвика одрон на карпи низ планинскиот граничен регион по должината на реката Боте Коши, при што беа однесени мостови, оштетени брани и затрупани домови.
Спасувачките тимови во Непал и Кина продолжија со потрагата по исчезнатите лица, но густата кал ги отежнува операциите, пренесе ДПА.
Причината за поплавниот бран сè уште се истражува.




