Се потврдува она што го говори СДСМ, Иван Стоилковиќ, соработник на Мицкоски и министер во неговата влада, работи за кинеската и руска агнеда. По години застапување на српски и руски интереси, по кредитот од една милијарда евра, со кинески пари, што Мицкоски го зеде преку Орбан, сега Стоилковиќ промовира проекти исто така со кинески пари, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Кети Штерјова од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Најавува стратешки инвестиции со Кина и бизнис интереси на туѓи земји.

Додека САД јасно гледаат во Кина и Русија закана за стабилноста и евроатлантската интеграција на регионот министер на Мицкоски отворено промовира кинеска соработка и патува во Кина.

Во стратешки документ на Стејт департментот се нагласува дека Кина и Русија се малигни актери кои активно се обидуваат да ја искористат нестабилноста, корупцијата и слабата управуваност во Западен Балкан за да го прошират своето влијание.

Стоилковиќ јавно удира врз стратешките интереси на Македонија заедно со уредникот на 40% од Орбановите медиуми – Началникот Латас.

Засилувањето на ова влијание, ќе се зголеми со доаѓањето на српската медиумска машинерија преки Ало и Еуроњус во Македонија на чело со Ивона Талевска.

Ништо не е случајно. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија.

Граѓаните заслужуваат европска иднина, а не да бидат заложници на туѓи интереси.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Фото: СДСМ