Љупчо Пренџов, пратеник во Собранието на Република Македонија објави дека во односите со Бугарија мора да мислиме на три работи кои ги потенцира.

Во односите со Бугарија мора да мислиме на три работи – на оние што го дадоа животот за денес да имаме самостојна, суверена и независна Македонија, на нас што живееме денес во Македонија и на нашата одговорност кон државата, но и на идните генерации и на Македонија што ќе им ја оставиме.

Ова го порача Љупчо, пратеник во Собранието на Република Македонија, во објава посветена на односите со Бугарија.

„Минатото го почитуваме. Денешницата ја браниме. Иднината ја градиме“, порача Пренџов.