Машката ракометна репрезентација на Македонија добива нов тренер за голманите.
Хрватскиот стратег Драган Јерковиќ се приклучи кон стручниот штаб на Кирил Лазаров и ќе биде задолжен за работата со голманите во нашиот тим.
„Голема чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од македонската репрезентација во квалификациите за Европското првенство, како и на Светското првенство во Германија.
Повикот од мојот поранешен соиграч и пријател Кирил Лазаров едноставно не можев да го одбијам. Македонија е репрезентација која има посебна емоција и огромна желба за напредок, а ракометот во оваа земја е повеќе од спорт – тој е дел од нејзината традиција и идентитет.
Особено ме радува работата со нашите голмани, бидејќи сметам дека имаме одличен спој на искуство и младост. Верувам во нивниот потенцијал и сигурен сум дека со заедничка работа можеме да направиме голем исчекор и да оствариме добри резултати.
Ќе дадам се од себе со моето искуство и знаење да ѝ помогнам на репрезентацијата и заедно да завршиме добра работа. Со нетрпение ги очекувам предизвиците што се пред нас и се што не очекува“, изјави Јерковиќ.




