На 26.08.2026 околу 14:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „веспа“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.Н.(33) од Скопје и велосипед управуван од Д.Ч.(71) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информира МВР.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.