Венко Филипче и СДС напаѓаат се што е добро за државата, секоја идеја, секој проект, иста е ситуацијата и со дата центрите. Ширењето на лаги и хистерија не изостанува, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конверенција.
„Идејата за развој на овој вид на индустрија ја напаѓаат со некои работи кои датираат од повеќе од пред една декада. Сега Македонија е пазарна економија и јасен е начинот на постигнување на цената на струјата и кој ја плаќа истата. Исто така сега има низа на начни за ладење на водата кои зависат од тоа за што се наменети дата центрите.
Значи, по овие прашања СДС само шири паника во јавноста.
Очигледно е дека СДС се против се што е корисно за напредокот на државата или тие се против Македонија“, кажа Лефков.
„Од она што го гледавме во време на нивното владеење тие знаат само за развој на марихуана Македонија, за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ развива индустрии како онаа со дата центрите кои се иднината на Македонија, која иако е релативно нова, сепак е развиена индустрија во светот.
Ова кажува се, какви се намерите на СДС, а какви се на ВМРО-ДПМНЕ. Притоа јасно е дека при развојот на оваа индустрија Владата нема да дозволи тој развој да влијае на квалитетот на живот на граѓаните во негативна смисла, туку сосема спротивно“ -истакна пратеникот Миле Лефков.




