Арсими и Скопје одиграа без победник 0-0 во третиот натпревар од петтото коло во Првата македонска лига.

Домашните фудбалери беа подобар, поконкретен ривал, меѓутоа не ги искористија своите шанси и мораа да се задоволат со бод на соочувањето во Гостивар.

За Арсими е прво сезонско реми, додека за Скопје дури трето што е јасен показател дека новиот член на елитата не е наивен и знае да одигра цврсто и на резултат.