Успешна мисија и нов гинисов рекорд за македонскиот кугларски репрезентативец Урош Стоклас.
– Натчовечки напори и 25 часа непрекинато куглање, речиси 3200 фрлени кугли, срушени над 15.000 кегли, 26 цели серии по 120 кугли и просек од 615! Чест е да се биде сведок на ваков подвиг на врвен спортист од планетарен ранг, посебно што е наш репрезентативец и наш спортски амбасадор! – објави Кугларската федерација на Македонија.
Подвигот Стоклас го почна во текот на вчерашниот ден во „Kuglana Gradiška“ во Словенија, неговата родна земја. Урош го го сруши сопствениот рекорд.




