Во рамки на Карпошовото културно лето 2026, денеска заврши дводневниот фудбалски турнир „ЛЕПЕНЕЦ КУП 2026“ кој се одржа во населбата Бардовци. Со поддршка на Општина Карпош, на возбудливиот турнир кој се одржува по втор пат, се натпреваруваа 32 екипи составени од младите надежни фудбалери од девет и десет годишна возраст, поделени во две генерации (2016 и 2017 година).
Првото место во генерацијата 2016 го освои тимот на ФК Форца Бела, која славеше убедливо над своите соперници од ФК Водно, со резултат 7:1. Во борбата за третото место поуспешни беа ФК Њу Старс, кои со резултат од од 4:2 славеа над ФК Албион 1. Титулата најдобар стрелец во оваа категорија ја понесе десетгодишниот фудбалер Афан Рамадани од ФК Албион, кој постигна 16 голови на турнирот.
До златниот трофеј во генерацијата 2017, во крајно неизвесен меч, екипата на ФК Карев триумфираше над своите ривали од ФК Бутел со резултат 2:1. Во за третото место, бронзата ја однесе ФК Албион, кој во неизвесен меч славеше над ФК Сарај со резултат 4:3. Во оваа категорија младинци, за најдобар стрелец беше прогласен деветгодишниот фудбалер Анис Шабани од ФК Албион, со постигнати 15 голови.
На денешните финални натпревари присуствуваа претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов, претставникот од општинската администрација, раководителот Патрик Поповски и членот на Советот, Предраг Станковски, кои во оваа пригода им ги доделија победничките пехари и медали на најдобропласитраните екипи.




