Израелската армија соопшти дека во воздушните напади врз Појасот Газа убиен е припадник на вооруженото крило на Хамас, во централниот град Деир ал Балах.
Како што тврди израелската армија, убиениот подготвувал напади врз израелските војници и врз цивилите.
Болницата Ал Акса во Деир ал Балах соопшти дека при израелските напади загинале едно дете и еден маж.
Локалните жители потврдија дека еден од загинатите бил припадник на Хамас.
Израелската армија соопшти и дека во вчерашните напади убиени се пет осомничени припадници на вооруженото крило на Хамас.
Хамас сè уште не ги коментирал тврдењата на израелската армија.




