Македонската кошаркарска репрезентација одигра убедливо ја совлада Австрија во Виена со 59-91, а по триумфот свои впечатоци даде и репрезентативецот Адем Мекиќ.
„Забележавме одличен резултат. Многу значаен натпревар за нас. Особено по поразот на Австрија во Кипар, кој беше неочекуван. Знаевме дека домаќинот ќе ја започне средбата офанзивно и физички и моравме да одговориме. Многу сум горд на соиграчите што влеговме многу енергично и мотивирано и со голема самодоверба. Конечниот резултат го докажува тоа“, рече Мекиќ.
„Многу е важно кога играме како тим, играме како еден. Се знае кои се лидерите на оваа селекција, тука се Нено, Војдан, Мозес, секој има своја улога и ако сите ја извршуваме таа улога, мислам дека имаме светла иднина со оваа млада селекција“, додаде Мекиќ.




