Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска ги повика земјите членки да ѝ испорачаат ракетни пресретнувачи на Украина по уште една ноќ на руски напади врз земјата.

– Знаеме дека некои земји имаат пресретнувачи на кои наскоро ќе им истече рокот на употреба. Затоа би било многу пожелно тие да ѝ бидат дадени на Украина – Калас непосредно пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Виклоу, во близина на Даблин.

Таа рече дека им се обраќа и на земји кои не се членки на ЕУ, со цел да се обезбедат пресретнувачи за заштита на цивилите во Украина.

– Јули и август беа најсмртоносните месеци за цивилите во Украина. Русија ги интензивира своите напади за да предизвика што поголема штета на украинскиот народ, за да го скрши – посочи високата претставничка на ЕУ.

За да ги заштити своите градови и инфраструктура, Киев располага со цела низа пресретнувачи, но очајно му недостигаат оние што можат да им парираат на руските балистички ракети, а тоа се американските ракети „Патриот“. (МИА)