На 01.09.2026 во 22:30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 51-годишен жител на тоа село, кој, според пријавеното, во семејниот дом физички ги нападнал неговата сопруга и нивниот малолетен син.
Тој е задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.




