Инцидент се случил во Клиничката болница во Тетово, каде 24-годишен жител на тетовското село Палатица агресивно се однесувал откако му било побарано да изврши уплата за медицинска услуга.
Според пријавеното во СВР Тетово, Џ.М. на 1 септември околу 19:50 часот го скршил стаклото од приемниот шалтер. При инцидентот тој и двајца вработени во болницата се здобиле со повреди.
По интервенцијата на полициските службеници, 24-годишникот физички нападнал и полициски службеник.
Поради сериозноста на повредите, Џ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување медицинска помош.
Извршен бил увид на местото, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.




