Според информациите објавени од „Ле Паризиен“, групата планирала серија киднапирања и напади, а нивниот список на потенцијални жртви наводно бил застрашувачки долг. Меѓу луѓето кои се нашле на таа листа бил и Килијан Мбапе.
Во целата приказна е вклучен 18-годишен млад човек, идентификуван како Клемент Л., за кого се сомнева дека е организатор или нарачател на серија кривични дела.
Тој и неговите соучесници, според истрагата, планирале напади врз богати претприемачи, рапер и ѕвезда на Реал Мадрид и француската репрезентација.
Истрагата покажа дека сомневањето се однесува на настаните што се случиле помеѓу 11 април и 19 август на подрачјето на неколку француски градови.
Младиот човек потоа бил идентификуван по нападот врз сопственик на продавница за накит во Неји-сур-Сен во април.
На 21 август, Клемент Л. беше ставен под истрага заедно со наводен соучесник, а француските власти го третираат исклучително сериозно.
Осомничениот заврши во притвор и беше ставен во самица, додека другиот осомничен беше ослободен под судски надзор.




