Доналд Трамп ги нарекол „глупаци“ тие кои се против неговата намера да изгради ѕид кон Мексико и на тој начин да го огради југот на САД.

Тоа се однесувало пред се на претставниците на Демократската партија кои се противат на издвојувањето на 5,7 милијарди долари од буџетотот за таа намена.

Преку Твитер тој порачал:

„Само глупаци или политики исклучиви луѓе можат да бидат против тоа нашата земја со ѕид или метална ограда да се заштити од криминал, наркотици и трговија со луѓе. Но, ограда ќе има!“

Белата куќа веќе објави дека оградата ќе биде подигната незваисно од тоа дали демократите ќе гласаат парите да се издвојат од федералниот буџет или не.