Светската ракометна федерација по завршувањето на Мундијалот во Германија и Данска вечерва ги прогласи најдобрите седум кои го сочинуваат идеалниот тим.

Новиот светски шампион Данска во своите редови ги има најкорисниот играч на Мундијалот, Микел Хансен, како и најдобриот голман и среден бек.

Идеален тим на СП 2019:

Голман – Никлас Ландин
Лев бек – Сандер Сагосен
Среден бек – Расмус Лауге
Десен бек – Фабијан Вајде
Десно крило – Феран Соле
Лево крило – Магнус Јондал
Пивот – Бјарте Мирхол.

МВП и најдобар стрелец – Микел Хансен.