Најмалку 37 лица загинаа при кражба на нафта од брод во Нигерија, соопштија денеска локални организации.

Центарот за застапување на младите и животната средина соопшти дека лицата вчера се отруле од нафтени испарувања додека со црева ја извлекувале нафтата од бродот и ја префрлале во садови на чамци.

Кражбата на нафта е вообичаена појава во Нигерија, најголемиот производител на нафта во Африка, каде што децениската експлоатација на нафтата доведе до високо ниво на сиромаштија и сериозна деградација на животната средина.