Главниот одбор на Српската напредна странка, на денешната седница во Ниш, едногласно ја усвои конечната листа на кандидати за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори – ќе настапува со листата „Александар Вучиќ – Единствена Србија“, носител на листата е Александар Вучиќ, а Вучиќ ќе биде кандидат на СНС за премиер на Србија.
На крајот од седницата, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, ги повика „напредњаците“ да се подготват за собирање потписи за претстојните избори.
„Кампањата започнува, изборите се пред нас. Како што рече претседателот Вучиќ: Ајде да победиме!“, рече Вучевиќ.
Откако претходно го презентираше овој предлог на седницата, Вучевиќ изрази надеж дека листата ќе го има за свој водач и прв на листата, според него, државникот и најспособниот политичар во Србија, Александар Вучевиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ им рече на членовите на Главниот одбор на СНС на состанокот во Ниш денеска дека „во овој момент СНС има предност“ во однос на своите политички противници, но таа предност „нема да се одржува со неактивност, насилство и покажување ароганција“.
„Затоа одете и разговарајте со луѓе, одете меѓу луѓе, разговарајте со обични луѓе – од кафеана, од пазар, на секое место. Тоа е моето барање за вас“, рече Вучиќ, откако СНС едногласно одлучи дека тој треба да биде кандидат на таа партија за премиер.
Вучиќ рече дека сака „убедлива победа, најсилна можна“ на секое место на изборите на 25 октомври.
фото: Архива




