Американскиот амбасадор во Израел, Мајк Хакаби, денеска изјави дека не постои план за принудно иселување на Палестинците од Газа, откако двајца израелски министри оваа недела изнесоа предлози за масовно иселување на Палестинците од територијата.

-Можам категорично да ви кажам дека не постои план на Израел да ги расели луѓето од Газа против нивна волја, изјави Хакаби пред новинарите во Турмус Аја, палестински град на окупираниот Западен Брег.

Тој додаде дека постои можност луѓето да ја напуштат Газа доколку самите сакаат.

-Ако луѓето сакаат да заминат, треба да имаат право да го сторат тоа, рече Хакаби. (МИА)