Советникот за национална безебдност на американскиот претседател Џон Болтон ја предупреди владата на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро дека какво било насилство или заплашување на дипломатскиот персонал на САД, на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо би наишло на „значaен одговор“.
– Какво било насилство или заплашување на американскиот дипломатски персонал, на демократскиот лидер на Венецуела, Хуан Гуаидо или на Народното собрание претставува тежок напад врз владеењето на правото и ќе наиде на значителен одговор, напиша Болтон на Твитер.
Болтон посочи дека е „добро позната“ кубанската поддршка и контрола врз безбедносните и паравоените сили на Мадуро.
Мадуро претходно ги обвини САД дека планираат инвазија врз Венецуела, како и оти продолжуваат со обидите за државен удар.
Тој при вчерашната посета на две воени бази западно од Каракас повторно упати апел до војниците да останат лојални на неговата влада, додека опозицијата во касарните подели копии од усвоениот Закон за амнестија.