Со четирите гола при победата против Рен (4:1) фудбалерите на ПСЖ изедначија импресивен рекорд.
Во првите 20 круга на француската лига, „принцовите“ постигнаа дури 66 гола. Таков потфат беше направен од страна на РК Париз во сезоната 1959/60.
Кај ПСЖ не се почуствува отсуството на повредениот Нејмар, иако на полувреме се замина со нерешен резултат (1:1).
Кавани отвори за домаќините во седмата минута, но во 28-та изедначи Нијанг.
Сепак, работите си дојдоа на свое место во вториот дел, па Ди Марија (60′), Мбапе (66′) и Кавани (71′) повторно, реализираа за убедлива победа на парижаните.
Фудбалерите од„Парк де Пренс“ се убедливи лидери во Лига 1 откако имаат 56 бодови по 20 кола, 13 пред второпласираниот Лил, кој има и два натпревари повеќе.