Првата носителка на УС опен, Арина Сабаленка е првата четвртфиналистка откако во осминафиналето ја победи Американката Тејлор Таузенд со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3).
Во првиот сет Сабаленка и Таузенд имаа проблем да го освојат гемот на свој сервис, па имаше дури седум брејка. Сабаленка водеше со 5:2, но американската тенисерка успеа да направи само еден брејк до крајот на сетот. Во вториот сет Таузенд водеше со 3:1, но Сабаленка направи серија од 5:0 и со тоа го доби сетот и мечот.
Сабаленка во следната рунда ќе игра со победничката од мечот меѓу Марта Костјук и Линда Носкова. Мечот е во тек, како и мечот меѓу Карлос Алкараз и Томи Пол. (МИА)




