На 06.09.2026 во 00:30 часот на магистралниот пат Гостивар-Стража, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар запреле патничко моторно возило „бмв“ со германски национални ознаки, управувано од А.Ј. (49) од с. Шемшово, тетовско.

По констатиран сообраќаен прекршок, А.Ј. почнал агресивно да се однесува и физички нападнал полициски службеник.

Тој е лишен од слобода и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.