Министерот за правда Јетон Шасивари присуствуваше на приемот организиран од претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 8 Септември – Денот на независноста.
Одбележувањето на Денот на независноста е можност да се потсетиме на патот што го изминавме како држава, но и на одговорноста што ја имаме кон иднината.
Во таа насока, јакнењето на владеењето на правото, независноста на институциите и заштитата на правата на граѓаните остануваат клучни за градењето стабилно и праведно општество.
8 Септември е ден кога ја славиме слободата да ја определуваме сопствената иднина, но и да се потсетиме дека секоја генерација има обврска да ја направи посилна, поправедна и подобра за оние што доаѓаат по нас.
Да ги чуваме темелите на нашата независност и секојдневно да создадаваме институции во кои граѓаните имаат доверба.




