Ракометната федерација на Македонија продолжува со поддршката за македонските клубови, а денеска во просториите на федерацијата беше доделена спортска опрема за екипите од Првата машка и женска лига.

Вкупно 14 машки и седум женски клубови добија комплети опрема за претстојната сезона. На претставниците на клубовите опремата им ја врачи претседателот на РФМ, Александар Стефанов.

Клубовите добија дресови, шорцеви, тренерки и ракометни топки, со што ќе имаат дополнителна поддршка пред стартот на новата сезона.

Од РФМ посочуваат дека ваквите активности се дел од заложбите за подобрување на условите за работа и натпреварување и за понатамошен развој на македонскиот клупски ракомет.