Во дерби натпреварот од четвртото коло во Премиер лигата, Манчестер сити вечерва на „Олд Трафорд“ го совлада градскиот ривал Манчестер Jунајтед со 1-0 (0-0).
Победоносниот гол го постигна Ерлинг Халанд по еден час игра, откако прегледувањето на снимката во ВАР собата потврди дека норвешкиот напаѓач не беше во офсајд при постигнување на погодокот.
Јунајтед имаше фудбалер повеќе на теренот од 23. минута откако Фил Фоден беше исклучен поради неспортско однесување. Играчот од средниот ред на Сити го удри капитенот на Јунјатед, Фернандез, во стомакот со нога, а судијата Мајкл Оливер му покажа директен црвен картон.
Јунајтед во продолжението два пати ја погодуваше стативата, најпрво Рашфорд од слободен удар 45. минута, а потоа и Мејну во 51. минута.
Казната стигна на спротивната страна кога Халанд беше прецизен во 60. минута по асистенција Гвардиол, а Сити можеше да ја зголеми предноста седум минути подоцна, но ударот на Фернандез заврши во стативата.
Јунајтед беше блиску да го избегна поразот во судиското продолжение, но Донарума со фантастична одбрана го скроти ударот на Мбеумо, исфрлајќи ја топката во корнер.
Сити остана со максимален ефект и бодовно израмнет со Арсенал на врвот на табелата со четири победи, додека Јунајтед е на 13. место со четири бодови.




