Во 21 век напредуваат само државите што инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти, напиша на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.
– Оваа Влада води политика за иднината. Во изминатата седмица бевме сведоци на реализација на крупни капитални проекти: нова когенеративна централа, изградба на најголемиот ветерен парк и реконструиран аеродромот „Св. апостол Павле“. И тоа не се само градби, тоа се инвестиции во иднината, во нови работни места, во енергетска сигурност, во поврзаност и во конкурентна економија – пишува Николоски.
Посочува дека градежништвото вeќе 18-ти месец по ред расте и дека тоа е јасен доказ оти капиталните проекти ја движат државата напред.
– Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации – вели вицепремиерот Николоски во објавата.
Фото: МИА архива




