Ова се двојните аршини на мал дел од македонското правосудство раководено директно од СДС и ДУИ. За кубење на коса, се добива 4 години затвор. За кражба на 150 ќебапи, се добиваат 3 години затвор, вели Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-А за случајот Ласкарци, каде загинаа 16 луѓе, за случајот со модуларната болница, каде загинаа 14 луѓе или пак за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, имаме нула години затвор и нула одговорност. За обичниот граѓанин важи законот, а кога ќе се стигне до луѓето и интересите поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството, веднаш се ставаат во нивна заштита. Тоа е правдата што ја оставија и ветуваа СДС и ДУИ, вели тој.
Манасиевски порача дека затоа граѓаните немаат доверба во правосудството.
-Не може за ќебапи да има три години затвор, а за случаи со десетици изгубени човечки животи, граѓаните со години да чекаат конечна правда и истата да не ја дочекаат. Правосудството не смее да биде штит на СДС и на ДУИ. Законот мора да важи еднакво за сите, посочува портпаролот на владејачката партија.




